Хулијан Алварез е играч способен за големи работи, но во текот на неговите две сезони во Атлетико Мадрид, најблиску до трофеј беше пред еден месец, кога „јорганџиите“ изгубија од Реал Сосиедад во финалето на Кралскиот Куп по подобро изведување пенали.
Навикнат на трофеи во Ривер Плата, Манчестер Сити и аргентинската репрезентација, популарниот „пајак“ сигурно не е задоволен од достигнувањата на мадридскиот клуб. За многумина беше изненадување кога одлучи да дојде во Атлетико пред две години, но треба да се има предвид дека Алварез бараше повеќе време за игра отколку што добиваше кај Пеп Гвардиола. Доаѓањето во аргентинската колонија со Чоло Симеоне може да се смета и за логичен потег. Алварез дојде за да го врати моментумот, да добие континуитет и да го врати статусот на ѕвезда на тимот.
Со 49 гола и 17 асистенции во 106 настапи, 26-годишниот „гаучос“ сигурно успеа да стане еден од водечките играчи на клубот, но тој продолжи да го привлекува вниманието на другите со своите добри игри. Барселона и Пари Сен Жермен се најважни, а се споменува и Арсенал. Каталонците долго време се споменуваа како заинтересирани да го доведат Хулијан Алварез, додека ПСЖ веќе се обиде да го стори тоа пред две години, но аргентинскиот напаѓач во тоа време го избра Атлетико. Веројатно свесен дека полесно ќе му биде да се истакне во Мадрид.
Сепак, Луис Енрике не го заборавил. Шпанските и француските медиуми објавуваат дека тренерот на ПСЖ му дал зелено светло на клубот да започне нов напад за потписот на Хулијан Алварез, имајќи предвид дека би можеле да останат без Гонзало Рамос (заинтересирани се Њукасл, Јувентус, Милан…) во текот на летото. Споменатата отштета е над 150.000.000 евра, што е далеку од 500.000.000 предвидени во клаузулата во договорот, но тоа би требало да биде доволно за Мадрид да се согласи, доколку играчот инсистира.
Секако, Мадрид исто така сака Аргентинецот да остане во нивните редови, па ќе се обидат да го убедат со нов договор. Атлетико е подготвен да го направи Алварез најплатен играч во клубот со 9.000.000 евра фиксни и уште 1.000.000 преку бонуси.


