Мирчеа Луческу во индуцирана кома по втор срцев удар

Легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу доживеа втор срцев удар за само два дена, а лекарите одлучија да го стават во индуцирана кома.

Прегледи:

Датум:

Легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу доживеа втор срцев удар за само два дена, а лекарите одлучија да го стават во индуцирана кома.

Осумдесетгодишниот Мирчеа Луческу беше примен во болница откако Романија, која ја водеше како тренер, беше поразена од Турција во полуфиналето од баражот за Светското првенство.

Лекарите објаснија дека се чувствувал лошо и се онесвестил поради прекумерен емоционален стрес.

А кога требаше да биде отпуштен од болница неколку дена подоцна, пристигна вест дека доживеал срцев удар. Помалку од два дена подоцна, романските медиуми објавија дека Луческу доживеал втор срцев удар, поради што лекарите го ставиле во индуцирана кома.

Универзитетската болница издаде соопштение во петокот вечерта, во кое не се споменува името на легендарниот тренер, но на сите им е јасно за кого станува збор. Беше наведено дека неговата состојба значително се влошила поради втор миокарден инфаркт.

Не се познати дополнителни детали.

Мирчеа Луческу ја предводеше Романија како капитен на Светското првенство во 1970 година, а како тренер ги предводеше Романците до првото Европско првенство (1984). Неговата тренерска кариера траеше речиси 50 години. Тој раководеше со бројни клубови во Италија, Турција, Украина и Русија. Тој беше и селектор на Турција.

Својот најголем успех го постигна во Шахтјор, кој го водеше 12 години, од 2004 до 2016 година, и со кој го освои Купот на УЕФА во 2009 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...