Модриќ се збогува со хрватската репрезентација по Светското првенство?

За хрватскиот репрезентативец и еден од најдобрите играчи од средниот ред во последните 20 години, Лука Модриќ, претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико ќе биде последно кога е во прашање дресот на „ватрените“

Прегледи:

Датум:

За хрватскиот репрезентативец и еден од најдобрите играчи од средниот ред во последните 20 години, Лука Модриќ, претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико ќе биде последно кога е во прашање дресот на „ватрените“.

Според „Спортске новости“, Модриќ би можел да донесе одлука во наредните денови, по 25-годишна кариера.

„Она што беше опција дури и пред неделниот дебакл на Милан во борбата за четвртото место и влез во Лигата на шампионите, сега добива на интензитет во реалноста. Лука Модриќ може да одлучи дека со својот проштален настап во репрезентацијата во САД, всушност ќе ја заврши својата активна фудбалска кариера“, тврди СН.

За потсетување, Лука Модриќ е лидер на хрватската фудбалска репрезентација речиси две децении. Тој дебитираше за репрезентацијата во 2006 година, а набрзо се етаблираше како клучен играч.

Тој го остави својот најголем белег на Светското првенство во Русија 2018 година, кога како капитен ја предводеше Хрватска до сребрениот медал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...