Мурињо: „Гарантирам дека никој не ми се јавил од Реал“

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ги негираше гласините дека преговара со Реал Мадрид. Со денови, трофејниот Португалец се поврзуваше со својот поранешен клуб, како еден од искусните кандидати на кои се фокусира претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ги негираше гласините дека преговара со Реал Мадрид. Со денови, трофејниот Португалец се поврзуваше со својот поранешен клуб, како еден од искусните кандидати на кои се фокусира претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Никој од Реал Мадрид не ме контактирал. Гарантирам! Толку години сум во фудбалот, навикнат сум на овие гласини, но немаше никаков глас од Реал Мадрид“, изјави Мурињо за португалскиот весник А Бола.

Мурињо има договор со Бенфика до крајот на следната сезона, но и клаузула од 3 милиони евра, за која се шпекулираше дека Реал Мадрид ќе ја активира.

Засега, се чини дека нема ништо од бизнисот…

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...