Мурињо наметнал 5 строги правила во Реал Мадрид

Португалскиот тренер Жозе Мурињо се врати во Реал Мадрид ова лето

Прегледи:

Датум:

Португалскиот тренер Жозе Мурињо се врати во Реал Мадрид ова лето. Тој беше доведен откако управниот одбор отпушти двајца тренери минатата сезона – Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа – поради резултати кои се под очекувањата. Англискиот портал talkSPORT ги откри петте строги правила што Мурињо ги поставил за своите играчи:

1. Секој што ќе задоцни на тренинг веднаш се отстранува од групата и се испраќа на индивидуална работа во теретана.

2. Секој што ќе задоцни на тренинг автоматски не игра на следниот натпревар.

3. Нема казни за доцнење на тренинг и состаноци бидејќи Мурињо верува дека тие не значат ништо за играчите со високи плати (Мбапе заработува повеќе од 600.000 евра за една недела).

4. Играчите мора да се опоравуваат од повреди под надзор на клупските лекари и да се подложат на терапија во просториите на клубот. Одењето на приватна терапија е забрането.

5. Сите играчи имаат исхрана пропишана од клубот, а не според индивидуална проценка.

Се вели дека Мурињо црпел инспирација за некои од овие правила од својот сегашен ривал, искусниот колега Ханси Флик, кој ја предводи Барселона. Овие два тима ќе се борат за титулата во шпанското првенство оваа сезона.

Барселона е актуелен шампион, додека Реал Мадрид не освои ниту еден голем трофеј минатата сезона. И двата тима ја започнаа оваа сезона одлично, со три победи во исто толку натпревари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...