Наполи го казни Лукаку со 150.000 евра, си заминува на крајот на сезоната

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку и Наполи влегоа во отворен фронт, откако фудбалерот одби да се врати во клубот по репрезентативната пауза. Сигурно е дека ќе се разделат на крајот од сезоната, а сега стигна информацијата од Италија за високата казна која му била наметната.

Прегледи:

Датум:

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку и Наполи влегоа во отворен фронт, откако фудбалерот одби да се врати во клубот по репрезентативната пауза. Сигурно е дека ќе се разделат на крајот од сезоната, а сега стигна информацијата од Италија за високата казна која му била наметната.

Наполи му изрече казна од дури 150.000 евра на Лукаку, што е 20% од неговата месечна бруто плата, тврди „Газета дело Спорт“.

Причината за изречената санкција е непослушноста на 32-годишниот играч, кој одлучи да се опоравува од повредата во својата татковина Белгија, иако доби инструкции од клубот на крајот од минатиот месец да се врати во Неапол на преглед од медицинскиот тим. Лукаку се врати едвај пред два дена, одржа состанок со спортскиот директор Џовани Ман и дозна за санкциите.

Тој исто така доби дозвола да се врати во Антверпен уште две недели за да го заврши лекувањето на повредата. Ова значи дека белгискиот репрезентативец ќе пропушти уште два натпревари за тимот и се надева дека ќе му биде на располагање на Антонио Конте за последните три натпревари од сезоната.

Во меѓувреме, во италијанските медиуми се повеќе се зборува дека Наполи одлучил да се раздели со Лукаку на крајот од сезоната. Непосредно пред почетокот на оваа сезона, тој доживеа сериозна повреда на бутот, што го ограничи на само 64 минути во седум натпревари, во кои постигна еден гол.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...