Јанис се збогуваше со Бакс? „Ви благодарам за непоколебливата љубов“

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокунмпо ја остави зад себе една од најлошите сезони откако играше за Бакс и им се обрати на своите фанови со порака на Инстаграм.

Прегледи:

Датум:

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокунмпо ја остави зад себе една од најлошите сезони откако играше за Бакс и им се обрати на своите фанови со порака на Инстаграм.

Милвоки ја заврши сезоната неславно – со 32 победи и 50 порази.

Тимот заврши на 11-то место на Истокот и за прв пат по десет години не се квалификуваше за плејофот.

Антетокунмпо пропушти добар дел од сезоната поради повреда, се врати, потоа повторно направи пауза и на крајот влезе во конфликт со врвот на франшизата бидејќи не му беше дозволено да ја заврши сезоната на теренот, поради конфликт на мислења за тоа дали, иако е здрав, треба да ги игра последните натпревари.

Но, за Бакс и Јанис, најважниот дел од сезоната допрва доаѓа: преговори за продолжување на нивната соработка.

Антетокумпо сè уште има уште една година од договорот со единствениот тим за кој играше во НБА кариерата, но „Бакс“ ќе имаат тешкотии да го задржат ако немаат амбиција да изградат конкурентен тим следната сезона кој повторно би се искачил на врвот.

Јанис сака многу повеќе во оваа фаза од својата кариера.

Пораката што грчкиот кошаркар ја „објави“ на социјалните мрежи, иако звучи како збогување со сезоната, можеби е навестување за заминување и последна што ја напиша како играч на Милвоки, бидејќи дури ни тој самиот не знае што носи утрешниот ден.

„13-та година. Ова беше една од најтешките сезони во мојата кариера, но како што велат, ќе се издигнам од пепелта како Феникс. До градот Милвоки, до мојот град, ви благодарам за непоколебливата љубов и поддршка“, напиша Гркот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...

Рафиња нов прв капитен на Барселона, Јамал петти на листата

Актуелниот шпански шампион Барселона денес објави дека прв капитен...

Евролигата потврди: Суперкупот во Абу Даби

Евролигата ги негираше наводите дека првиот Суперкуп од ова...