Навивачи го провоцираа Џака со српско знаме на Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Навивачи го провоцираа фудбалерот на Швајцарија, Гранит Џака со српско знаме на Светското првенство. Тие го мавтаа на неколку метри од него додека тој изведуваше пенал против Колумбија во Ванкувер, во осминафиналето.

Сепак, тоа не го обесхрабри и постигна гол, иако не го изведе добро пеналот.

Џака и Швајцарците се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство, каде што ќе играат против Аргентина и Лионел Меси.

Гранит Џака игра на своето четврто Светско првенство, а ова е прво од 2014 година во кое не се соочил со Србија. За време на СП во Русија во 2018-та, тој ги прославувше головите против српската репрезентација покажувајќи го албанскиот „орел“, па тоа очигледно не му го забораваат ден денеска.

Џака и во 2022 година се „закачи“ со нашиот северен сосед, кога ги навредуваше мајките на српските играчи на албански јазик пред камерите и повторно се најде во центарот на вниманието.

Тогаш посака да го облече дресот на својот соиграч Јашари и да го претвори во нешто што на градите ќе го носи презимето на Адем Јашари, еден од основачите на Ослободителната војска на Косово (УЧК).

Минатата година, Џака одигра гостувачки натпревар со Швајцарија против српската репрезентација во Лесковац и не предизвика никакви провокации.

Неговиот спортски поздрав со српската репрезентација по победата на домашниот тим од 2:0 на стадионот Дубочица беше позитивна разврска.

Таткото на Гранит Џака, Рагип Џака, е роден во Подуево, Косово, како и неговата мајка. Џака се преселија во Швајцарија во 1990 година, две години пред да се роди Гранит Џака.

Минатата година, Џака имаше многу проблеми во Приштина, за време на натпреварот против репрезентацијата на Косово, бидејќи навивачите го исвиркаа секој пат кога ќе ја допреше топката. Му беше многу тешко и речиси заплака на стадионот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...