Нејмар се степал со синот на Робињо, го понижил на тренинг

Судир помеѓу Нејмар и Робињо Жуниор, синот на поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер Сити, Робињо, избувнал на тренингот на Сантош

Прегледи:

Датум:

Судир помеѓу Нејмар и Робињо Жуниор, синот на поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер Сити, Робињо, избувнал на тренингот на Сантош.

Се започнало со безопасен дриблинг на Робињо Жуниор, кој го повредил големото его на некогаш еден од најдобрите играчи на планетата. Тој го предупредил да не го прави тоа, веројатно сметајќи го за непочитување кон него и неговата кариера.

Сепак, синот на поранешниот ас на Реал веднаш почнал да го напаѓа веќе нервозниот Нејмар.

Избувнала физичка пресметка. Наводно започнала со туркање, а завршила со шлаканица, пишуваат некои бразилски медиуми.

Инцидентот предизвикал тензии, не само меѓу играчите, туку и во самиот клуб. Луѓето на кои им е грижа за кариерата на Робињо Жуниор побараа заштита на талентот.

ПР тимот на Нејмар тврди дека „не се запознаени со случајот“. Од друга страна, некои извори велат дека Нејмар сфатил дека претерал и му се извинил на својот 18-годишен соиграч. Нивниот однос пред овој инцидент е опишан како близок.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...