Неста презема тим од Серија Б

Поранешниот дефанзивец на Милан и Италија, Алесандро Неста, официјално е назначен за главен тренер на тимот од Серија Б, Авелино. Веста ја потврди претседателот на клубот, Анџело Д'Агостино, кој му ја довери задачата на легендарниот дефанзивец да го одведе тимот до врвот на табелата

Прегледи:

Датум:

Поранешниот дефанзивец на Милан и Италија, Алесандро Неста, официјално е назначен за главен тренер на тимот од Серија Б, Авелино. Веста ја потврди претседателот на клубот, Анџело Д’Агостино, кој му ја довери задачата на легендарниот дефанзивец да го одведе тимот до врвот на табелата.

50-годишниот екс фудбалер го заменува Давиде Балардини, под чие водство Авелино заврши на осмото место во Серија Б откако тој ја презеде функцијата во февруари.

Неста неодамна беше на чело на Монца, но си замина по тешката сезона во која испаднаа од Серија А. И покрај неуспехот, претседателот на Авелино е уверен дека тренерот ќе може повторно да се докаже.

„Го избравме Неста по серија евалуации во кои беа вклучени и други тренери. Сите веруваме дека ова ќе биде негова година, а исто така и година на Авелино. Тој има значајно минато како играч и нешто поскромно како тренер, но верувам дека најдоброто допрва доаѓа и се надевам дека ќе ја покаже својата вредност во Авелино. Сакаме да постигнеме нови успеси и тој ќе мора да биде архитект на ова. Во него најдов скромност и смиреност, слични на Балардини. Со текот на времето ќе го запознаеме подобро“, коментираше Анџело Д’Агостино.

Претходното тренерско искуство на Неста вклучува престои во Мајами ФК, Перуџа, Фрозиноне и Реџана, покрај неговиот период во Монца.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...