Неверојатно: „Малиот“ Комо оди во Лигата на шампионите – Јуве и Милан „извисија“

Бурниот исход од трката за Лигата на шампионите во последното коло од Серија А го донесе најголемиот победник - Комо оди во Лигата на шампионите!

Прегледи:

Датум:

Бурниот исход од трката за Лигата на шампионите во последното коло од Серија А го донесе најголемиот победник – Комо оди во Лигата на шампионите!

Тимот предводен од Сеск Фабрегас ја круниса фантастичната сезона со победа од 4-1 над Кремонезе на гости, патем исфрлајќи го денешниот ривал од лигата, но што е уште поважно – ја завршија сезоната на четвртото место и ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона!

Таму нема да бидат великаните Милан и Јувентус поради очајни игри и резултати на крајот на сезоната

Милан беше шокантно поразен дома од Калабрија со 1-2 вечерва во натпревар во кој победата ќе го решеше прашањето за нивниот пласман во Лигата на шампионите.

Натпреварот помеѓу Торино и Јувентус започна еден час доцна поради немири на навивачите, гостите водеа на полувреме благодарение на голот на Душан Влаховиќ, но дури и да победеа, немаше да вреди – ги загубија и математичките шанси да обезбедат едно од четирите места.

Покрај Интер, Наполи и Комо, Италија во најсилното натпреварување следната сезона ќе биде претставена и од Рома, за која ова е враќање во Лигата на шампионите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...