Николов: Ако ни е денот, можеме да ја изненадиме Данска

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за првиот бараж натпревар против Данска за пласман на Светското првенство, а во составот се враќа Бобан Николов по двегодишна пауза

Прегледи:

Датум:

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за првиот бараж натпревар против Данска за пласман на Светското првенство, а во составот се враќа Бобан Николов по двегодишна пауза.

Играчот за врска верува во квалитетот на репрезентацијата и можноста за изненадување во Копенхаген.

„Верувам дека можеме. Нормално е да се надеваме, а ако ни е денот, можеме и да изненадиме. Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел. Нема да се предадеме, ако сите одиграме на највисоко ниво, можеме да сонуваме за пласман. Прво размислуваме за Данска, тоа е најважниот натпревар. Притисокот е на нивна страна, а ние немаме што да изгубиме, можеме само многу да добиеме. Ќе влеземе смирено, ќе го оставиме срцето на терен, па што биде нека биде“, изјави Николов за сајтот на ФФМ.

Според него, селекторот Гоце Седлоски носи агресија и силна мотивација.

„Знае како да ги поттикне играчите и мислам дека тоа е голем плус за нас. Ако таа енергија се пренесе на терен, можеме многу да постигнеме.“, порача искусниот фудбалер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...