Перез се предомисли за авторитетниот Ридигер – му нуди нов договор

Флорентино Перез се предомисли - и тоа по натпреварите што многу значеа за Реал Мадрид. Играч кој веќе практично беше на пат да си замине, сега повторно стана важен дел од плановите на „кралскиот клуб“

Прегледи:

Датум:

Флорентино Перез се предомисли – и тоа по натпреварите што многу значеа за Реал Мадрид. Играч кој веќе практично беше на пат да си замине, сега повторно стана важен дел од плановите на „кралскиот клуб“.

Тоа е Антонио Ридигер, кој во последните натпревари, особено против Манчестер Сити и Атлетико, покажа дека дури и на 33 години може да игра на највисоко ниво.

Претходно имаше сериозни сомнежи во Реал за неговата физичка состојба и чести повреди, но неговата неодамнешна форма ја промени перцепцијата во клубот. Се повеќе се зборува дека би можел да му биде понуден нов договор.

Иако се очекува да има малку помалку време за играње и повеќе одмор во иднина, Мадрид верува дека неговиот квалитет и искуство се уште се од голема вредност – особено во најсложените натпревари.

Ридигер, од друга страна, нема дилема за својата иднина.

Германскиот дефанзивец е исклучително задоволен од животот во Мадрид и неговата улога во тимот. Тој ужива углед во соблекувалната, а е почитуван и од навивачите. Тој сè уште верува дека може да се натпреварува со најдобрите во Европа, поради што Реал Мадрид е негов апсолутен приоритет.

Иако има интерес од Саудиска Арабија и Катар, Ридигер засега не ги разгледува сериозно ваквите понуди – тој чека клубот да направи потег и конкретна понуда за продолжување на соработката.

Во исто време, Реал гради иднина со млади дефанзивци како Дин Хујсен и Раул Асенсио, но се свесни дека на тимот му е потребен некој со искуство и авторитет што ги носи Ридигер.

Токму оваа комбинација – младост и искуство – е клучна за амбициите на клубот во наредните сезони.

Преговорите сè уште не се во тек, но атмосферата е позитивна. Двете страни се задоволни од соработката и постои реална шанса за постигнување договор.

Се чини дека сè е повторно отворено – а играчот кој беше на пат да си замине сега е поблиску до останување од кога било.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...