Обамејанг: Ме понижија и ми го уништија угледот

Пјер-Емерик Обамејанг одлучи дефинитивно да ја заврши својата меѓународна кариера и повеќе нема да го носи дресот на Габон. Искусниот напаѓач, роден во Лавал, Франција, играше за младинските селекции на Франција и Шпанија, но во 2009 година одлучи да го претставува Габон во сениорскиот фудбал

Прегледи:

Датум:

Пјер-Емерик Обамејанг одлучи дефинитивно да ја заврши својата меѓународна кариера и повеќе нема да го носи дресот на Габон. Искусниот напаѓач, роден во Лавал, Франција, играше за младинските селекции на Франција и Шпанија, но во 2009 година одлучи да го претставува Габон во сениорскиот фудбал.

Во последните години, неговиот однос со репрезентацијата, за која одигра 84 натпревари и постигна 40 гола, беше многу турбулентен.

Обамејанг прво се збогуваше со репрезентацијата во 2022 година, но потоа се врати по покана од тогашниот претседател на Габон, Али Бонго.

По Африканскиот куп на нации во 2025 година, тој повторно беше исклучен од репрезентацијата, само за подоцна повторно да му биде дозволено да се врати.

Сега одлучи дефинитивно да стави крај на својата меѓународна кариера, а една од причините што ги наведе беше начинот на кој се однесуваа кон него по неговото последно учество на Африканскиот куп на нации.

„Ме понижија и ми го уништија угледот кога играв на Африканскиот куп на нации повреден. Тоа беше последната капка и би сакал да ги оставам работите така. Мислам дека проблемите на националниот тим се многу подлабоки од незначителната улога што ја имам јас во сето тоа“, рече Обамејанг.

По тоа натпреварување, владата на Габон конкретно го именува Обамејанг како еден од луѓето одговорни за неуспехот на тимот, што дополнително ги влоши односите и го остави искусниот напаѓач огорчен.

Во текот на својата кариера, Обамејанг изгради репутација на еден од најдобрите африкански напаѓачи на неговата генерација.

Тој е познат по својата исклучителна брзина, движење и извршување, а на клупско ниво постигна повеќе од 400 голови.

Обамејанг е најдобар стрелец во историјата на Лигата на Европа со 34 голови, додека со повеќе од 240 голови е најдобар африкански стрелец во петте најсилни европски лиги.

Тој останува рекордер по бројот на голови за Габон и еден од најважните фудбалери во историјата на таа репрезентација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

УЕФА отвори постапка против Фенербахче, Гендузи и Гринвуд!

Големиот успех и пласманот во групната фаза од Лигата...

Аргентина ќе ги прекине сите натпревари во 10-тата минута во чест на Меси

По одлуката на Лионел Меси да се повлече од...

Клиперси бесни по драконската казна: Одиме на суд

Откако Каваи Ленард проговори за драконските казни на НБА,...

Никола Карабатиќ не сака да биде тренер

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Никола Карабатиќ,...