Објавен списокот на Португалија за СП 2026, Роналдо оди на шестиот Мундијал

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез го објави конечниот список на играчи за Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез го објави конечниот список на играчи за Светското првенство.

Мартинез на Светското првенство ќе ги однесе следните фудбалери:

Голмани: Диого Кошта (Порто), Хозе Са (Волци), Руи Силва (Спортинг КП), Рикардо Вељо (Генчлербирлиги).

Одбрана: Диого Далот (Манчестер Јунајтед), Матеус Нунеш (Манчестер Сити), Нелсон Семедо (Вулверхемптон), Жоао Кансело (Барселона), Нуно Мендеш (ПСЖ), Гонсало Инасио (Спортинг КП), Ренато Веига (Виљареал), Рубен Диаш (Манчестер Сити),

Среден ред: Рубен Невеш (Ал-Хилал), Самуел Коста (Мајорка), Жоао Невеш (ПСЖ), Витиња (ПСЖ), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Бернардо Силва (Манчестер Сити).

Напад: Жоао Феликс (Ал-Наср), Тринкао (Спортинг КП), Франциско Консеисао (Јувентус), Педро Нето (Челзи), Рафаел Леао (Милан), Гонсало Гуедес (Реал Сосиедад), Гонсало Рамос (ПСЖ), Кристијано Роналдо (Ал-Наср).

Ели Џуниор Крупи, одличниот напаѓач на Борнмут, не ја доби поканата, иако познатиот португалски весник „А Бола“ го објави тоа синоќа.

Бидејќи Роналдо повторно е дел од репрезентацијата на Португалија, ова ќе биде негово шесто Светско првенство во кариерата и ќе стане рекордер заедно со Лионел Меси и Лука Модриќ.

Да ве потсетиме дека португалската репрезентација ќе игра во групата К на претстојното Светско првенство во 2026 година, а сите натпревари од оваа група ќе се играат на стадиони во Соединетите Американски Држави.

Тие ќе се борат за премин во нокаут фазата против Узбекистан, Демократска Република Конго и Колумбија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...