Лутиот Гвардиола организирал итен состанок со играчите доцна во ноќта

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги собрал играчите на доцна конференциска врска за да ги информира за својата одлука да го напушти клубот на крајот од сезоната. Шпанецот бил бесен од фактот дека оваа информација протекла во англиските медиуми

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги собрал играчите на доцна конференциска врска за да ги информира за својата одлука да го напушти клубот на крајот од сезоната. Шпанецот бил бесен од фактот дека оваа информација протекла во англиските медиуми. Тој им се извини на фудбалерите, кои ја разбраа веста на тој начин, и тоа пред важното гостување во Борнмут вечерва.

Шпанецот, кој досега го водеше Сити до 20 трофеи, во последните недели одбиваше да даде какви било знаци дека одлучил да си замине, бидејќи постојано повторуваше дека има договор со клубот за уште една година. Според „Сaн“, на играчите им било кажано во саботата дека Гвардиола си заминува, па вчера биле шокирани од веста.

Во понеделник, по триумфот за ФА Купот, Гвардиола разговараше со претседателот на клубот, Халдун Ал Мубарак, кој направи последен обид да го убеди Шпанецот да остане уште една година.

Денес стана јасно дека раководството веќе постигнало договор со Енцо Мареска, кој ќе потпише тригодишен договор, наследувајќи го Гвардиола.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...