Судирите од осминафиналната фаза на Лигата на Европа остануваат целосно отворени, откако по првите натпревари одиграни денес, ниту еден тим нема јасна предност што би го направила реваншот за една недела протоколарен. Најголемото водство во овие први натпревари е два гола. Два натпревари завршија нерешено, а во преостанатите судири разликата е само еден гол.
Од судирите со почеток од 18:45 часот, можеби најинтересно беше италијанското дерби Болоња – Рома, кое заврши нерешено (1:1).
Еден од фаворитите во натпреварувањето – Астон Вила, победи со 1:0 како гостин против Лил и им се одмазди на „кучињата“ за елиминацијата од четвртфиналето во Конференциската лига во 2024 година. Единствениот гол го постигна Оли Воткинс во второто полувреме.
Патанаикос исто така тесно го победи Бетис во натпревар во кој беа добиени два црвени картони во Атина. Пенал во 88-та минута му донесе на тимот на Рафаел Бенитез вредно водство пред реваншот во Севиља.
Штутгарт загуби со 1-2 дома од Порто. Сите три гола беа постигнати во првото полувреме, а гостите поведоа со два гола до 27-та минута, пред Ундав да врати еден. По паузата, Анџело Стилер ја врати топката во мрежата на „Змејовите“, но по прегледот на ВАР резултатот остана непроменет поради офсајд за време на нападот.
Доцните натпревари започнaa во 21 часот. Нотингем Форест беше поразен дома од Митјиланд со 1:0. Селта и Лион ремизираа 1:1.
Ференцварош изненади против Брага (2:0), а Генк го доби Фрајбург со минимлни 1:0.


