Шведскиот атлетичар Арманд Мондо Дуплантис продолжува да ја пишува историјата на светската атлетика. На собирот „Мондо Класик“ во Упсала, тој постави нов светски рекорд во скок со стап – 6,31 метри, што е воедно 15-ти пат да го подобри својот најдобар резултат на сите времиња.
Дуплантис стигна до новиот рекорд без ниту еден неуспешен обид. Тој го отвори натпреварувањето со скок од 5,65 метри, потоа скокна 5,90 и 6,08 метри во првиот обид, а потоа успешно ја помина летвата поставена на 6,31 метри.
Овој резултат претставува ново поглавје во доминацијата на шведскиот скокач, кој со години ги поместува границите на една од најатрактивните атлетски дисциплини. Дуплантис ја крена летвата дури 15 пати, најчесто за еден сантиметар.
Норвежанецот Сондре Гутормсен го освои второто место на натпреварот во Упсала со скок од 6,00 метри, негов втор скок над шест метри оваа сезона. Третото место му припадна на Американецот Закари Бретфорд, додека неговиот сонародник Сем Кендрик и Австралијанецот Кертис Маршал завршија зад него, сите со скокови од 5,90 метри.
Дуплантис е актуелен олимписки и светски шампион, а веќе неколку години се смета за апсолутен владетел во скок со стап.
Во својата богата кариера, тој освои два олимписки златни медали, првиот во Токио во 2021 година, а потоа во 2024 година во Париз. Дуплантис е исто така шесткратен светски шампион, како и четирикратен европски шампион.
Временска рамка на рекордот на Дуплантис:
6.17 – Торуњ, Полска (8 февруари 2020 година)
6.18 – Глазгов, Обединето Кралство (15 февруари 2020 година)
6.19 – Белград, Србија (20 март 2022 година)
6.20 – Белград, Србија (20 март 2022 година)
6.21 – Јуџин, САД (24 јули 2022 година)
6.22 – Клермон-Феран, Франција (25 февруари 2023 година)
6.23 – Јуџин, САД (17 септември 2023 година)
6.24 – Сјамен, Кина (20 април 2024 година)
6.25 – Париз, Франција (5 август 2024 година)
6.26 – Хорзов, Полска (25 август 2024 година)
6.27 – Клермон-Феран, Франција (28 февруари 2025 година)
6.28 – Стокхолм, Шведска (15 јуни 2025 година)
6.29 – Будимпешта, Унгарија (12 август 2025 година)
6.30 – Токио, Јапонија (15 септември 2025 година)
6.31 – Упсала, Шведска (12 март 2026 година)
Дуплантис стана првиот светски рекордер во 2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд од 6,16 метри што го држеше Рено Лавилени. Претходно, Сергеј Бупка го држеше рекордот со 6,14 метри.


