Официјално: Де Зерби е нов менаџер на Тотенхем

Роберто Де Зерби е новиот менаџер на Тотенхем, соопштија од лондонскиот тим попладнево

Прегледи:

Датум:

Роберто Де Зерби е новиот менаџер на Тотенхем, соопштија од лондонскиот тим попладнево.

„Со задоволство го објавуваме назначувањето на Роберто Де Зерби за главен тренер со долгорочен договор, во исчекување на работни дозволи“, соопшти Тотенхем.

Преговорите траеја неколку дена и двете страни очигледно успеаја да ги „дотераат“ сите детали. Де Зерби доаѓа како трајно решение, потпишувајќи петгодишен договор.

„Воодушевен сум што се приклучувам на овој фантастичен клуб, еден од најголемите и најпрестижните во светот.

„Во сите мои разговори со челниците на клубот, нивната амбиција за иднината беше јасна – да изградат тим способен да постигне најголеми достигнувања и да го сторат тоа играјќи во стил што ги воодушевува и возбудува навивачите. Јас сум тука затоа што верувам дека можам да го испорачам, тоа се моите амбиции и затоа потпишав долгорочен договор“, рече Де Зерби.

Сепак, долгорочните планови ќе мора да почекаат – прво, опстанок во Премиер лигата:

„Наш приоритет е да се искачиме на подобра позиција на табелата, тоа ќе биде фокусот до последната минута од последниот натпревар од сезоната. Со нетрпение очекувам да излезам на теренот и да соработувам со играчите за да го постигнеме тоа“, додаде новиот менаџер на Спарс.

Иако раководството на клубот е воодушевено бидејќи, како што велат, Де Зерби бил нивната главна „цел“ за летото, навивачите не се баш задоволни.

Три големи навивачки групи на Тотенхем пред неколку дена испратија барање до клубот да се откаже од потпишувањето на Де Зерби, на кого му се налутија поради неговата соработка со Мејсон Гринвуд во Марсеј, каде што Гринвуд пристигна откако судот ги отфрли обвиненијата за силување што беа покренати против него.

Тотенхем е само еден бод пред Вест Хем, кој е прв под „линијата“ и се соочува со тешка борба за опстанок во елитното општество.

По играчка кариера што траеше повеќе од 15 години и во која одигра повеќе од 300 натпревари во пониските лиги на Италија, како и во Романија, Де Зерби почна да тренира во својата родна земја, а во 2018 година започна соработка со Сасуоло што го издигна во првите редови на најатрактивните тренери на пазарот.

Родениот во Бреша експерт потоа го презеде Шахтјор во мај 2021 година и со Украинците стигна до групната фаза од Лигата на шампионите и до украинскиот Суперкуп, што беше неговиот прв трофеј што го освои.

Потоа се пресели во Ист Сасекс и стадионот „Амекс“, каде што како тренер на Брајтон сруши бројни клупски рекорди во Премиер лигата.

Потоа го презеде Олимпик Марсеј, со кого заврши втор во Лига 1 и обезбеди место во Лигата на шампионите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...