УЕФА негира: Црвена Звезда не беше казнета поради Свети Симеон

Иако во последните денови се зборуваше дека УЕФА ја казнила Црвена Звезда за кореографија на која е прикажан Свети Симеон, Европската фудбалска асоцијација ја негираше оваа информација

Прегледи:

Датум:

Иако во последните денови се зборуваше дека УЕФА ја казнила Црвена Звезда за кореографија на која е прикажан Свети Симеон, Европската фудбалска асоцијација ја негираше оваа информација.

Налутените фудбалски навивачи низ цела Србија ја окарактеризираа фудбалската конфедерација како лицемерна и антихристијанска, но се чини дека тоа не е случај. Од УЕФА стигна дециден одговор – ниту една од казните што му се изречени на поранешниот европски шампион не се однесува на претходно споменатата кореографија на северната трибина.

Наместо тоа, санкциите што им се изречени на црвено-белите се должат на блокирање на премините на трибините (28.000 евра), користење пиротехнички средства (17.000 евра) и фрлање предмети на теренот (10.500 евра), како и за порака што го поткопува угледот на фудбалот и самата организација (40.000 евра).

Овој слоган нема никаква врска со кореографијата на „делиите“, туку со транспарентот „F*ck UEFA“ што беше истакнат на стадионот „Рајко Митиќ“.

Црвена Звезда беше поразена дома од Лил (2:0), со што ја запечати европската авантура на тимот од Топчидерско Брдо елиминирајќи го во плејофот за осминафиналето на Лигата на Европа.

Избраниците на Дејан Станковиќ, со одличната пролетна форма, се изолираа на врвот на Суперлигата, со 11 бода повеќе од Војводина и плус 12 во споредба со Партизан, две кола пред крајот на регуларната фаза од првенството.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...