Омерагиќ: Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ денеска се огласи на социјалните мрежи и порача дека „едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик“.

Прегледи:

Датум:

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ денеска се огласи на социјалните мрежи и порача дека „едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик“.

Ова доаѓа откако Македонија не се пласираше на завршницата на СП 2026, односно по поразот од Данска во полуфиналето на баражот (4:0) и ремито со Ирска (0:0) кое беше без значење.

Воедно ова беа првите два натпревари на новиот селектор Гоце Седлоски, кој доби големи критики од фудбалската јавност.

„Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни.

Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше. И кога победуваме и кога губиме. Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз.

Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив.

Останува најважното, да бидеме заедно. Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние“, порача Омерагиќ преку Фејсбук.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...