„Отиде“ Ахиловата тетива: Екитике ќе го пропушти Светското, нема да игра до 2027 година

Катастрофални вести за Ливерпул, откако францускиот репрезентативец Уго Екитике ќе биде надвор од терените до девет месеци поради сериозна повреда здобиена на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен

Прегледи:

Датум:

Катастрофални вести за Ливерпул, откако францускиот репрезентативец Уго Екитике ќе биде надвор од терените до девет месеци поради сериозна повреда здобиена на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Францускиот напаѓач се повреди на реваншот на „Енфилд“, во кој „црвените“ беа поразени со 2-0, завршувајќи го настапот во елитното натпреварување со вкупен резултат од 4-0.

Екитике го напушти теренот на носилки откако се струполи без контакт, држејќи го десниот глужд и видливо чувствувајќи силна болка.

По деталните прегледи, беше потврдено најлошото, руптура на Ахиловата тетива на десната нога, една од најсериозните повреди за фудбалерите. Според францускиот весник „Л’Екип“, паузата може да трае до девет месеци, што значи дека Екитике ќе го пропушти остатокот од годината, а можеби и почетокот на следната година.

Поради должината на неговото закрепнување, речиси е сигурно дека нема да биде достапен за претстојното Светско првенство. Повредата дополнително го погоди Ливерпул, кој веќе беше разочаран од елиминацијата од Лигата на шампионите, и сега ќе биде без клучен напаѓач долго време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...