Рафиња може да се соочи со последици за своите зборови: УЕФА има јасни правила

По испаѓањето на Барселона од Атлетико во Мадрид, Рафиња остро го критикуваше судењето и предизвика голема бура во фудбалската јавност

Прегледи:

Датум:

По испаѓањето на Барселона од Атлетико во Мадрид, Рафиња остро го критикуваше судењето и предизвика голема бура во фудбалската јавност.

Иако не играше на „Метрополитано“ поради повреда, бразилскиот крилен напаѓач сепак даде изјава по натпреварот и не се воздржа од критики.

Во интервју за бразилските медиуми, тој отворено изјави дека неговиот тим е оштетен.

„Ова беше кражба, судењето имаше многу проблеми. Одлуките што ги донесоа беа неверојатни. Атлетико Мадрид направи не знам колку прекршоци и не доби ниту еден жолт картон. Сакам да го разберам тој страв дека Барселона ќе продолжи понатаму“, рече Рафиња.

Неговите изјави брзо одекнаа низ цела Европа, а сè повеќе луѓе зборуваат за можна реакција на УЕФА. Имено, според Дисциплинските правила на УЕФА, ваквите изјави може да претставуваат прекршување на основните правила на однесување. Член 11 наведува дека секое „навредливо однесување или однесување што на кој било начин ги крши основните правила на пристојно однесување“ е казниво, како и секое однесување што „му штети на угледот на фудбалот, а особено на УЕФА“.

Во пракса, ова значи дека Рафиња може да биде суспендиран до три натпревари од Лигата на шампионите. Во тој случај, тој ќе ја отслужи забраната на почетокот на следната сезона.

Сличен случај веќе постои, во кој е вклучен Нејмар, поранешен играч на Барселона. Тој беше казнет во 2019 година за објава на социјалните мрежи по натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед, во кој исто така остро го критикуваше судењето.

„Тоа е срамота. Тие ставија четири лица кои не разбираат фудбал да анализираат ситуација… Како може да игра со рака кога му е свртен грбот? Пенал не постои“, напиша Нејмар во тоа време. УЕФА првично му изрече забрана од три натпревари, но Арбитражниот суд за спорт подоцна ја намали на два.

Со оглед на тој преседан, јасно е дека и Рафиња би можел претрпи последиците, а сè ќе зависи од проценката на УЕФА и тежината на неговите изјави.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...