Падна одлука – легенда останува на „Алијанц Арена“ уште една година

Капитенот на германскиот шампион Баерн, голманот Мануел Нојер (40), се согласил со условите на новиот договор што му го понудил клубот, објави германскиот медиум „Скај“ вчера

Прегледи:

Датум:

Капитенот на германскиот шампион Баерн, голманот Мануел Нојер (40), се согласил со условите на новиот договор што му го понудил клубот, објави германскиот медиум „Скај“ вчера.

Во веста се наведува дека прославениот голман ќе потпише нов едногодишен договор. Сегашниот договор на Нојер со Баерн истекува следниот месец.

Според „Скај“, официјалната потврда за оваа вест треба да биде објавена по саботниот дуел помеѓу Баерн и Келн, со кој ќе заврши сезоната во Бундеслигата.

Преговорите поголемиот дел од времето се фокусирале на висината на платата на Нојер, а според извештајот, поранешниот голман на германската репрезентација се согласил на намалување на износот во споредба со сè уште важечкиот договор.

Нојер му се придружи на Баерн во 2011 година од Шалке, кога започнал неговиот подем. Делумно благодарение на неговите одбрани, Баерн беше шампион на Германија 13 пати во последните 15 години и двапати го освои трофејот од Лигата на шампионите, како и голем број други трофеи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...