Зверев се обиде да го оправда својот пораз во Рим: Ова е најлошиот терен на кој некогаш сум играл

Прегледи:

Датум:

Александар Зверев водеше со 6-1, 5-3 против Лучијано Дардери. Потоа имаше четири меч топки. Но, на крајот беше елиминиран од Мастерсот во Рим во осминафиналето.

Германецот го започна натпреварот добро, целосно контролирајќи ја ситуацијата. А потоа во еден момент – целосен колапс. По два часа и 26 минути, Дардери славеше со 1-6, 7-6 (10), 6-0.

На прес-конференцијата, тој се обиде да се оправда:

„Мислам дека ова е најлошиот терен на кој некогаш сум играл. На јуниорско ниво, меѓу професионалци, на фјучерс турнири, на тренинг… Никогаш не сум играл на терен со толку лош квалитет“.

Третиот играч во светот зборуваше за ветровитите услови во кои се играше натпреварот.

– Имав шанса да го завршам натпреварот, но топката ми прелета преку глава. Имав брејк поен и топката се тркалаше. Тоа е тоа. Ветерот беше силен. Требаше да го добијам мечот во два сета, тоа е сè. Потоа, очигледно, третиот сет отиде во негов правец – објасни Зверев.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...