Фудбалска Италија сè уште не може да се помири со фактот дека нема да учествува на третото Светско првенство по ред. Четирикратните светски шампиони се во најголемата криза во својата историја, која кулминираше со поразот од Босна и Херцеговина во Зеница во финалето од баражот за Светското првенство, каде што беа елиминирани по изведувањето на пенали.
По елиминацијата, неколку дена подоцна, Габриеле Гравина, претседател на Италијанската фудбалска федерација, одлучи да поднесе оставка и да ја преземе одговорноста за неуспехот.
Гравина веднаш по елиминацијата издаде соопштение во кое нагласи дека се надева дека Џенаро Гатузо ќе остане селектор и дека ќе се обиде да го убеди да се предомисли.
Сепак, очигледно е дека ништо нема да произлезе од тоа, бидејќи, поради незадоволството и притисокот од медиумите и спортската јавност, тој мораше да се повлече од функцијата прв човек на Федерацијата.
Џенаро Гатузо објави дека ќе се повлече од клупата доколку не ја предводи Италија на Светското првенство, а сега останува да се види што ќе се случи со него, но и кој ќе биде новиот селектор на Италијанската фудбалска федерација, на која ѝ е потребна целосна реконструкција и нова организација.


