Перез: Знаете кој не го сака Винисиус?

Иднината на бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор во Реал Мадрид е сè уште под знак прашалник, а претседателот Флорентино Перез зборуваше за тоа дали тој ќе остане во редовите на „Кралскиот клуб“

Прегледи:

Датум:

Иднината на бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор во Реал Мадрид е сè уште под знак прашалник, а претседателот Флорентино Перез зборуваше за тоа дали тој ќе остане во редовите на „Кралскиот клуб“. Во интервју за „Ел Паис“, тој се осврна на шпекулациите за евентуалното заминување на еден од клучните играчи.

Претседателот на Реал јасно стави до знаење дека би сакал да го задржи Бразилецот до крајот на кариерата, но дека нема да го принуди да остане. „Има време да потпише договор. Би сакал да остане до крајот на животот. Длабоко се идентификувал со клубот. Знаете кој не го сака? Луѓе кои не се навивачи на Реал Мадрид. Ако не сака да биде во Мадрид и сака да потпише за некој друг, може да си замине. Нема да го принудам на ништо. Парите нема да бидат најважниот фактор, никогаш не биле“, рече Перез.

Перез ги отфрли критиките за партнерството меѓу Винисиус и Килијан Мбапе во нападот, нагласувајќи го нивниот квалитет.

„Мислам дека е бесмислено. Тие се двајцата најдобри играчи во светот. Винисиус ни донесе две Лиги на шампиони. Но, не треба да ги изгубиме главите. Оваа идеја дека мора да ја освојувате Лигата на шампионите секоја година е глупава; никој друг не освоил шест за десет години“, заклучи претседателот на Реал.

За потсетување, Реал ја заврши својата втора сезона по ред во која не освои ниту еден од трите големи трофеи. Ова не им се случило во последните шеснаесет години – последните две сезони по ред без еден од овие трофеи беа 2008/09 и 2009/10.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...