ПМФЛ: Башкими доминантен против Македонија ЃП, Тиквеш го совлада Пелистер

Фудбалерите на Башкими со доминантна игра го затворија вториот циклус од Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја екипата на Македонија Ѓ.П. со 2:0.

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Башкими со доминантна игра го затворија вториот циклус од Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја екипата на Македонија Ѓ.П. со 2:0.

Клучниот момент дојде во 73-тата минута. По еден продор во шеснаесетникот, Пановски беше непрописно сопрен од Еступиниан, а главниот судија без двоумење покажа на белата точка. Искусниот Аворнио беше ладнокрвен реализатор за водство од 1:0.

Точка на натпреварот и потврда на петтата позиција на табелата стави Ресул Мемети во 83-тата минута. По одличен контранапад и асистенција на Рибеиро, Мемети ја затресе мрежата за конечни 2:0 и огромна радост на трибините во Куманово.

Фудбалерите на Тиквеш го совладаа Пелистер со 1:0 и ја забележаа втората последователна победа во првенството. Кавадарчани освоија нови три бода и повторно беа поуспешни во соочувањето со директен конкурент во трката за опстанок во Првата македонска лига.

Натпреварот беше решен во 38. минута, а стрелец на голот e Мартин Стојанов и тоа по асистенција на новото име во редовите на Тиквеш, Лусијанињо.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...