ПМФЛ: Работнички ја продолжи победничката серија против Силекс, Брера декласирана во Кавадарци

Работнички ја продолжува пролетната серија победи откако денеска на Арената „Тодор Проески” го совлада Силекс со 2-0

Прегледи:

Датум:

Работнички ја продолжува пролетната серија победи откако денеска на Арената „Тодор Проески” го совлада Силекс со 2-0. Со овој триумф, тимот од Дебар Маало уште повеќе ги зголемува шансите во трката за опстанок.

Во 13.минута, Манојлов продре по левата страна, уфрли во шеснаесетникот, а Попзлатанов беше успешен реализатор за водство на Работнички од 1-0.

Силекс постигна погодок во 26.минута, но оправдано беше поништен поради офсајд позиција. Работнички стигна до втор погодок во 34.минута. Асистент беше Талаков, а повторно погоди Попзлатанов.

Во другиот натпревар за денот, екипата на Тиквеш пред своите гледачи ја совладаа АП Брера со 6:1.

Избраниците на Борче Христов во последните четири кола имаат максимален учинок.

По само 10 минути игра, Мартин Стојанов го постигна еден од најубавите голови во досегашниот тек од сезоната. Со „ножички“ упати неодбранлив удар за домашно водство.

АП Брера за момент се врати во игра откако во 27. минута по асистенција на Антовски, Макиќ од непосредна близина израмни на 1:1.

Сепак, домашните до ново водство дојдоа со автоголот на Марко Стојилевски кој на вториот дирек во обид да расчисти лошо реагираше. Тоа се случи во 32. минута, а само две минути подоцна Мартин Стојанов со соло пробив изби сам пред Диковски кој немаше шанса да ја спаси својата мрежа.

Во 41. минута на асистенција на Најдовски, на петерецот одлично реагира Данаил Тасев кој што денеска патем го одигра стотиот меч за Тиквеш, и веќе резултатот е 4:1.

По паузата никаква промена на теренот во Кавадарци. Тиквеш доминира. Стојанов асистира од десно за Гуел кој што реализира за 5:1.

Во 84. минута од мечот, Благој Стојчев ги постави конечните 6:1 на овој меч. Со ова Тиквеш стигна до 36. поени на табелата и петта позиција, додека пак Брера остана на досегашните 28. и засега седмо место.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...