БЕЗ ГОСТИНСКИ НАВИВАЧИ: Охрид и Олимпијакос постигнаа договор

Претстојните четвртфиналиња од Купот на ЕХФ меѓу Охрид и Олимпијакос привлекуваат големо внимание, а одлуката на двата тима е да нема гостински навивачи во салите.

Прегледи:

Датум:

Претстојните четвртфиналиња од Купот на ЕХФ меѓу Охрид и Олимпијакос привлекуваат големо внимание, а одлуката на двата тима е да нема гостински навивачи во салите. Македонскиот тим даде и изјава за двата викенда (28.3 и 4.4) во кои ќе се борат за уште еден историски пробив на меѓународната сцена.

„Имајќи ги во предвид немилите настани кои се случија за време на одигрувањето на финалниот натпревар во ЕХФ Купот во натпреварувачката сезона 2024/2025 кој требаше да се одигра во Скопје помеѓу екипите на РК Алкалоид од Република Македонија и РК АЕК од Република Грција, а кој поради веќе познати причини не беше одигран, Ве информираме дека по барање на Европската Ракометна Федерација, ГРК ОХРИД и РК Олимпијакос по меѓусебната комуникација овие минати денови, а со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучија дека двете екипи нема да вршат продажба на билети на гостински навивачи и симпатизери на натпреварите на кои ќе се јават како организатори од четврт-финалната фаза на ЕХФ Европскиот Куп“, стои во соопштението.

ГРК Охрид ќе биде домаќин на вториот ¼ финален натпревар, кој ќе го одигра против екипата на РК Олимпијакос на ден 04.04.2026 година во 18.00 часот во СРЦ Билјанини Извори Охрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...