Холандскиот фудбалски судија, Роб Диперинк почина на 38-годишна возраст, потврди во понеделникот Холандската фудбалска асоцијација (KNVB). Диперинк се сметаше за еден од најпочитуваните холандски судии до почетокот на оваа година и беше кандидат за Светското првенство во 2026 година, но беше отстранет од списокот по неговото апсење по сериозни обвиненија за злоупотреба на малолетници.
Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Асоцијацијата се изразува длабока тага.
„Шокирани сме и длабоко ожалостени од веста за смртта на судијата Роб Диперинк. Со неговото заминување, судиската организација загуби извонреден меѓународен судија, но пред сè одличен колега. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа. Им посакуваме многу сила да ја надминат оваа огромна загуба“, соопшти KNVB.
Причината за смртта не беше објавена.
We zijn geschrokken en diepbedroefd door het overlijden van Rob Dieperink.
Met Rob verliezen we een zeer gewaardeerde scheidsrechter, maar bovenal een fijne en betrokken collega.
Onze gedachten gaan uit naar zijn familie, vrienden en iedereen die hem dierbaar was. We wensen hen… pic.twitter.com/OO0ReL0i7F
— KNVB (@KNVB) July 13, 2026
Диперинк беше уапсен во Лондон во април, каде што беше назначен за ВАР судија за првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на конференции на УЕФА помеѓу Кристал Палас и Фиорентина (3-0). Тој беше обвинет за три прекршоци, вклучително и навод за сексуален напад врз 17-годишник пред почетокот на натпреварот на „Селхерст Парк“.
Сепак, лондонската полиција последователно ја прекина истрагата, наведувајќи дека нема доволно докази за да се продолжи со кривична постапка. Диперинк редовно бил назначуван за ВАР или помошник ВАР судија на големи меѓународни натпреварувања во текот на неговата кариера.
Тој беше дел од судиските тимови на Европското првенство во 2024 година и Олимписките игри во Париз во 2024 година, а исто така беше и помошник ВАР судија во финалето на Лигата на Европа во 2024 година помеѓу Аталанта и Баер Леверкузен.


