Поради семејна трагедија, Кимих нема да игра во дербито против Арсенал

„Поради смрт во најблиското семејство, Џошуа Кимих не е во составот за денешниот натпревар против Арсенал. Во име на семејството, бараме да се почитува нивната приватност и тага и да се воздржи од понатамошно истражување и известување. Целиот ФК Баерн е со Џошуа Кимих во длабоко сочувство“, се вели во соопштението на баварскиот клуб.

Прегледи:

Датум:

Џошуа Кимих нема да игра за Баерн на вечерашниот натпревар против Арсенал во Лигата на шампионите. Германскиот клуб објави на социјалните мрежи дека причината е смрт во семејството на 31-годишниот играч од средниот ред.

Кимих веќе го пропуштил последниот тренинг пред натпреварот, а тогаш беше наведено дека станува збор за лични причини. Подоцна беше откриено дека станува збор за смртта на неговиот 57-годишен татко.

„Поради смрт во најблиското семејство, Џошуа Кимих не е во составот за денешниот натпревар против Арсенал. Во име на семејството, бараме да се почитува нивната приватност и тага и да се воздржи од понатамошно истражување и известување. Целиот ФК Баерн е со Џошуа Кимих во длабоко сочувство“, се вели во соопштението на баварскиот клуб.

Не е познато кога капитенот на германската репрезентација би можел да се врати во тимот.

Баерн и Арсенал играат вечерва во 21 часот на „Алијанц Арена“. Пред натпреварот, неизвесно е и дали тренерот Винсент Компани ќе биде на клупата, бидејќи го пропушти вчерашниот тренинг поради вирус.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Големиот пад на поранешната ѕвезда: Каде „исчезна“ Алваро Мората?

Што се случува со Алваро Мората? Тоа е прашањето...

Инфантино доби јавно извинување од „Тајмс“!

Лондонскиот весник „Тајмс“ издаде јавно извинување до претседателот на...

Инзаги меѓу фаворитите да стане тренер на Јувентус

Поранешниот тренер на Интер и Лацио, Симоне Инзаги, е...