Митровиќ пред Нант: Иако немаме шанси, ќе играме 100% до крајот

Ракометарите на Вардар 1961 од Скопјe ќе бидат посилни за Урош Митровиќ на гостувањето против францускиот Нант во петтото коло од Лигата на шампионите на ЕХФ

Прегледи:

Датум:

Ракометарите на Вардар 1961 од Скопјe ќе бидат посилни за Урош Митровиќ на гостувањето против францускиот Нант во петтото коло од Лигата на шампионите на ЕХФ. Српскиот ракометар отслужи четири натпревари суспензија во последниот натпревар од Лигата на Европа на ЕХФ со Монпелје минатата сезона, а по месец и пол повторно ќе биде достапен на тренерскиот штаб на македонскиот шампион.

Митровиќ не го криеше задоволството од враќањето на теренот и можноста да им помогне на своите соиграчи во последната групна фаза од елитното натпреварување.

„Желбата остана иста, не исчезна. Постојано се подготвував за овие натпревари во Лигата на шампионите и ја чекав мојата шанса. Конечно, по месец и пол, мојата суспензија од четири натпревари истече и сега можам да играм и да му помогнам на тимот. Не знам дали фактот што немаме притисок може да биде олеснителна околност, но дефинитивно ќе играме до крај и ќе го дадеме својот максимум. Иако немаме шанси да ја поминеме групата и ќе продолжиме со натпреварувањето во Лигата на Европа, каде што игравме минатата сезона, нема причина да не играме со 100 проценти од нашите можности и да не бараме победа“, рече Митровиќ.

Вардар веќе ги загуби шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, па затоа ќе ја продолжи европската сезона во Лигата на Европа. Сепак, дуелот со Нант претставува можност за престиж и подобрување на впечатокот во завршната фаза од натпреварувањето, а враќањето на Митровиќ носи дополнителна опција за македонскиот тим.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Инфантино доби јавно извинување од „Тајмс“!

Лондонскиот весник „Тајмс“ издаде јавно извинување до претседателот на...

Инзаги меѓу фаворитите да стане тренер на Јувентус

Поранешниот тренер на Интер и Лацио, Симоне Инзаги, е...

Антетокумпо: Сè ми одговара – моите соиграчи, тимот, системот, времето…

„Сакам да можевме да одиграме еден натпревар и да...