Променет терминот за натпреварот помеѓу БиХ и Македонија

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина го промени времето на пријателскиот натпревар против Македонија, кој ќе се игра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.

Прегледи:

Датум:

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина го промени времето на пријателскиот натпревар против Македонија, кој ќе се игра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.

Натпреварот требаше да започне во 18 часот, но денес фудбалската федерација на Босна и Херцеговина објави дека времето на почеток е поместено во 20:30 часот.

„Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина ја информира јавноста дека, по договор помеѓу претставниците на двете федерации терминот на пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија е променет“, објавија од федерацијата.

За потсетување, дуелот ќе биде еден од тестовите за „Змејовите“ како дел од нивните подготовки за Светското првенство во Америка, Канада и Мексико.

Светското првенство започнува на 11 јуни и трае до 19 јули, а БиХ ќе се натпреварува во група со Швајцарија, Канада и Катар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...