ПСЖ пронајде засилување во Серија А – подготвени се да платат 35 милиони евра

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Зајон Сузуки, објавуваат италијанските медиуми

Прегледи:

Датум:

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Зајон Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот европски шампион е подготвен да плати дури 35 милиони евра за 23-годишниот јапонски репрезентативец.

Формална понуда сè уште не е испратена, додека вредноста на голманот се проценува помеѓу 30 и 35 милиони.

Сузуки го привлече вниманието на Парижаните со своите натпревари во дресот на Парма, но и со добрите настапи за Јапонија на Светското првенство во 2026 година.

Тој се приклучи на италијанскиот клуб во летото 2024 година од белгискиот Сен-Труиден, а неговиот договор со Парма е важечки до 30 јуни 2029 година.

Некои клубови од Премиер лигата претходно покажаа интерес за неговите услуги, па затоа Парижаните би можеле да се соочат со сериозна конкуренција во борбата за неговиот потпис.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...