Романо потврди: Зидан постигна усмен договор, ја презема Франција по Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо ја објави големата вест што одекна низ целиот фудбалски свет. Зинедин Зидан постигна усмен договор за преземање на француската репрезентација.

Според неговите информации, легендарниот Французин треба да стане селектор на „Триколорите“ веднаш по завршувањето на Светското првенство во 2026 година, а на клупата ќе го замени Дидие Дешан, кој веќе објави дека заминува по Светското првенство.

Иако сè уште нема официјална потврда од Француската фудбалска федерација, Романо наведува дека договорот практично е постигнат и дека се чека вистинскиот момент за формализирање на соработката.

Зидан е без тренерски ангажман откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година, а неговото име се поврзува со клупата на „триколорите“ со години.

Како играч, тој го освои Светското првенство во 1998 година и Европското првенство во 2000 година, додека како тренер на Реал Мадрид испиша историја со три последователни титули во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, тој освои две Ла Лига, две Светски клупски првенства, два Суперкупа на УЕФА и два Суперкупа на Шпанија како тренер на Реал Мадрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...