Руни: За Арсенал да ја освои титулата, навивачите мора да ја одиграат својата улога

Арсенал е во голема неволја бидејќи сериозно им е загрозено првото место и титулата Премиер лигата

Прегледи:

Датум:

Арсенал е во голема неволја бидејќи сериозно им е загрозено првото место и титулата Премиер лигата.

„Топџиите“ имаапредност од девет бода пред Манчестер Сити. Сепак, поразот од 2-1 кај Борнмут му даде шанса на Манчестер Сити. Минатиот викенд, „граѓаните“ победија во натпревар „вреден шест бода“. Беше 2-1 за Сити и сега тимот заостанува три бода и има натпревар помалку против Кристал Палас.

Сити ќе го прескокне Арсенал со победа бидејќи, покрај истиот број бодови, ќе имаат подобра гол-разлика, а исто така ќе имаат и подобар меѓусебен скор.

Сепак, остануваат уште пет кола и Арсенал има шанса, но според еден од старите ривали на „топџиите“, навивачите се тие што треба да се подобрат.

„Ги видов како го исвиркуваат тимот против Борнмут. Арсенал беше брилијантна цела сезона, а сега се во лоша форма. Треба да сфатат колку поддршката од навивачите значи за играчите и колку може да помогне“, вели Вејн Руни.

„Секој ден играчите работат напорно на тренинзите и да бидат во позицијата во која се, кога ќе изгубите натпревар и ќе бидете исвиркани, тоа може да влијае на играчите. За Арсенал да ја освои титулата, навивачите мора да ја одиграат својата улога“, додава поранешниот играч на Евертон и Манчестер Јунајтед.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...