Се игра за Македонија, а не за поединци, кажа Седлоски пред мечот со Ирска

Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Република Ирска во натпревар меѓу двете селекции кои не успеаја да се пласираат во финалето на баражот за Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Република Ирска во натпревар меѓу двете селекции кои не успеаја да се пласираат во финалето на баражот за Светското првенство.

Селекторот Гоце Седлоски потенцира дека, и покрај разочарувањето, тимот мора да ја задржи највисоката можна мотивација, бидејќи настапот за националниот дрес секогаш носи посебна тежина.

„Сѐ уште го чувствуваме разочарувањето од мечот со Данска, но остануваме смирени и фокусирани. Работата на тренинзите е на високо ниво, а наша обврска е да реагираме многу подобро на теренот. Ги анализиравме пропустите и сега е на играчите што ќе добијат шанса да го дадат својот максимум. Особено ме радува тимскиот дух што владее во соблекувалната.

Против Ирска ќе мора да покажеме карактер, дисциплина и цврстина во дуелите. Ги следевме нивните последни настапи, против Чешка беа физички доминантни и агресивни во воздушните дуели, додека против Унгарија демонстрираа и технички квалитет. Очекуваме сериозен предизвик.

Планирам да ротирам и да им укажам шанса на неколку нови фудбалери, а верувам дека ќе ја оправдаат довербата. Сакам да нагласам дека репрезентацијата е отворена за сите, секој сам одлучува дали ќе го носи овој дрес. Се игра за Македонија, а не за поединци“, изјави Седлоски, цитиран од ФФМ.

Средбата ќе се одигра утревечер од 20:45 часот на стадионот „Авива“ во Даблин.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...