Димитриевски: Јас сум професионалец, секогаш доаѓам да победувам за Македонија

Голманот на „жолто-црвените“, Столе Димитриевски на прес-конференцијата пред мечот истакна дека одбраната мора да биде на високо ниво, а клучен фактор ќе биде и освојувањето на т.н. „втори топки“

Прегледи:

Датум:

Фудбалкста репрезентација на Македонија утревечер, 20,45 часот, ќе игра против Република Ирска во Даблин, во дуел на двете селекции кои беа поразени во полуфиналето на баражот за пласман на СП 2026.

Голманот на „жолто-црвените“, Столе Димитриевски на прес-конференцијата пред мечот истакна дека одбраната мора да биде на високо ниво, а клучен фактор ќе биде и освојувањето на т.н. „втори топки“, кои често имаат големо влијание врз текот на натпреварот.

„Јас сум професионалец, секогаш доаѓам да победувам, особено кога играм во дресот на Македонија. Имаме два убедливи порази во последните два натпревари, ги анализиравме грешките и јасно е дека мора да покажеме дисциплина во дефанзивата и да ги освоиме тие втори топки. Доколку бидеме подобри во тој сегмент, ќе имаме повеќе напади од противникот, а ривалите нема да имаат толку удари кон нашиот гол. Работиме, разговараме, анализираме и мора да се подобриме“, изјави Столе Димитриевски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...