Се зголемуваат шансите на Карик да остане трајно на чело на Манчестер Јунајтед

Раководството на клубот е импресионирано не само од резултатите и перформансите на Манчестер Јунајтед во овој период, туку и од одличната атмосфера создадена од тренерот

Прегледи:

Датум:

Мајкл Карик е веќе фаворит да остане главен тренер на Манчестер Јунајтед. Ова е логична последица од перформансите на „црвените ѓаволи“ откако го презеде тимот. Карик започна со победи над Манчестер Сити и Арсенал, а под негово водство тимот забележа четири победи од пет натпревари.

Раководството на клубот е импресионирано не само од резултатите и перформансите на Манчестер Јунајтед во овој период, туку и од одличната атмосфера создадена од тренерот.

Стручњаот призна дека ова е неговата работа од соништата.

„Навистина уживам во тоа, го сакам тоа што го правам. Имам среќа. Имам привилегија што сум на оваа позиција. Го кажав тоа кога пристигнав – постои сентиментален елемент. Откако поминав низ клубот и го сакав, тоа е од една страна, но всушност сум тука за да работам и да го направам тимот успешен“, рече Карик во интервју за Би-Би-Си.

Додаде дека тој не одлучува колку долго ќе остане, но додека е во клубот, ќе даде сè од себе.

„Планирам долгорочно, но тоа е за доброто на клубот. Верувам дека така треба да биде“, истакна тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...