Седлоски: Шансата да се бориме за место на Светското е мотив што ја обединува целата држава

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски на прес-конференција пред претстојниот натпревар против Данска, порача дека ова е голем момент за тимот

Прегледи:

Датум:

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски на прес-конференција пред претстојниот натпревар против Данска, порача дека ова е голем момент за тимот.

„Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина“, изјави селекторот.

Во тимот гледа „енергија, концентрација и желба“.

„Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на терен. Подготвени сме тактички, знаеме што сакаме да играме, иако одлуката за составот и формацијата останува кај мене. Ни недостасуваат одредени фудбалери, но тоа не го менува нашиот пристап. Данска е силна, но ние сме фокусирани на нашата игра. Во вакви натпревари деталите одлучуваат, а верувам дека имаме што да покажеме“, порача тој пред мечот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...