Седлоски: Тежок удар за нас

Селекторот истакна дека противникот ги казнил слабостите на кои претходно предупредувал.

Прегледи:

Датум:

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски по убедливиот пораз од Данска во Копенхаген во полуфиналето од баражот за Светското првенство 2026 со 4:0 посочи дека пресвртниот момент на натпреварот бил раниот погодок на противникот на стартот од второто полувреме, по кој тимот целосно ја изгубил рамнотежата.

„Првото полувреме го одигравме дисциплинирано и бев задоволен од тоа како изгледавме. На паузата потенцирав да бидеме внимателни во воведните минути од продолжението, но токму тогаш примивме гол. Тоа нè исфрли од ритам и потоа тешко се вративме во игра“, изјави Седлоски.

Селекторот истакна дека противникот ги казнил слабостите на кои претходно предупредувал.

„Ова е тежок удар за нас. Данска доаѓаше до голови преку крилата, нешто што го анализиравме и се обидувавме да го затвориме. Нивните бекови постојано создаваа бројчена предност и ни правеа големи проблеми во одбраната“, додаде Седлоски, цитиран од ФФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...