Шкендија со четврта последователна победа во ПМФЛ, конечно победа за Вардар

Шкендија стигна до својата четврта победа во низа откако на домашен терен ја совлада екипата на Струга Трим Лум со резултат 2-1, во меч исполнет со темпо, пресврти и значајна улога на VAR-системот.

Прегледи:

Датум:

Шкендија стигна до својата четврта победа во низа откако на домашен терен ја совлада екипата на Струга Трим Лум со резултат 2-1, во меч исполнет со темпо, пресврти и значајна улога на VAR-системот.

Притисокот на домашните донесе резултат и во 29. Минута, Арбин Зејнулаи одлично асистираше, а Нзенгуе ја затресе мрежата за 1-0. Неколку минути подоцна, истиот играч постигна уште еден гол, но по реакција на VAR-системот, тој беше поништен поради офсајд.

Струга ТЛ влезе поагресивно во вториот дел. Во 55. минута Радески ја погоди пречката, а во продолжение на акцијата беше прегледана ситуацијата каде Адурахмани направи прекршок врз Буњамин Шабани во казнетиот простор. Судијата покажа на белата точка, а Малески во 59. минута реализираше за 1-1.

Одлуката падна во 84. минута: По брза акција на Шкендија по левата страна, Арби Воша го фаулираше Нзенгуе во шеснаесетникот. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше искусниот Бесарт Ибраими, кој ги постави конечните 2-1.

Вардар стави крај на негативната низа откако го совлада Силекс со убедливи 4-1 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Исправени пред предизвикот, вардарци одиграа ефикасен меч и апсолутно ги заслужија трите бода, иако и Силекс беше квалитетен ривал.

Вардар поведе уште во третата минута. Спахиу побегна по левата страна, уфрли во средината, а Димитар Данев со прецизен удар го совлада голманот Џеков.

Силекс израмни во 37.минута. По една долга акција, Ефтимов од левата страна го проигра Анѓелески, а капитенот на Вардар со одличен шут го совлада Талески.

Во 63.минута, Михаил Маневски успеа да ја затресе мрежата на Силекс, а шест минути подоцна Мигел Пиреш погоди против поранешниот тим за 3-1. Во 89.минута, Едиз Спахиу стави точка на триумфот за конечни 4-1.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Што значат илјадниците банани од навивачите на Сити во дербито со Ливерпул?

Навивачите на Манчестер Сити денес донесоа надуени банани, еден...

Хамилтон ја презема вината за неуспешната стратегија на Ферари во Сингапур

Стратешка грешка за време на Големата награда на Сингапур...

Премиер лига: Палас го победи Нотингем, Хал и Евертон ремизираа

Кристал Палас го победи Нотингем Форест со 3-1 дома...

Лацио ја победи Монца и се израмни со Интер на врвот

Фудбалерите на Лацио ја оправдаа својата улога на фаворити...