Што рече лутиот Енрике по сензацијата и поразот што ја шокираше Франција?

По пет последователни порази од Пари Сен Жермен и три години чекање, Лион направи она што никој не го очекуваше на Паркот на принцовите - го победи ПСЖ со 2:1 и ја врати драмата во трката за француското првенство

Прегледи:

Датум:

По пет последователни порази од Пари Сен Жермен и три години чекање, Лион направи она што никој не го очекуваше на Паркот на принцовите – го победи ПСЖ со 2:1 и ја врати драмата во трката за француското првенство.

Овој резултат одекна низ целата земја. ПСЖ остана во водство, но сега има само еден бод пред Ленс, кој има натпревар повеќе, и тоа е јасно – првенството е повторно целосно отворено.

Лион го реши натпреварот уште од самиот почеток. Бразилецот Ендрик постигна гол во 6-тата минута, а потоа во 18-тата му асистираше на Мореира за 2:0 и целосен шок за трибините на Паркот на принцовите.

ПСЖ имаше одлична шанса да се врати во игра, но во 33-тата минута Гонсалo Рамос промаши пенал – неговиот удар го одбрани Доминик Грајф.

Парижаните продолжија да притискаат, но не најдоа решенија. Дури во четвртата минута од судиското продолжение Кварацкелија постигна гол за 2:1, но беше премалку и предоцна.

Со овој пораз, ПСЖ сериозно ја искомплицира ситуацијата. Ленс им се приближи само на еден бод, иако со натпревар помалку, додека Лион, со 54 бода, се изедначи со Лил на третото место.

Рен со 53 бода, Марсеј со 52, па дури и Монако со 50 се исто така во игра, што значи дека завршницата од Лига 1 е целосно отворена.

По натпреварот, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се обиде да ја објасни ситуацијата, особено честите ротации во тимот.

„Ротацијата е единственото решение. Ќе играме девет натпревари за 27 дена и мора да играме со сите играчи. Што сакате? Ако не разбирате зошто ротираме, тогаш не разбирате ништо“, рече тој луто.

Тој, исто така, коментираше за повредата на Витиња, која го принуди порано да го напушти натпреварот.

„Не можам да кажам ништо позитивно. Кога мора да извадите играч по опасна ситуација, тоа секогаш е проблем. Мора да ги почекаме резултатите утре (денес)“, рече Енрике.

ПСЖ е сè уште прв, но по синоќешниот пораз е јасно дека повеќе нема никаква сигурност – во Франција се врати неизвесноста во трката за титулата што ја немаше долго време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...