Силекс и Шкендија Тетово финалисти во Купот на Македонија

Силекс и Шкендија Тетово се пласираа во финалето од годинешното издание на Купот на Македонија.

Прегледи:

Датум:

Силекс и Шкендија Тетово се пласираа во финалето од годинешното издание на Купот на Македонија.

Двата тима кои се наоѓаат при самиот врв во прволигашката конкуренција на крајот сепак успее да ги совладаат членовите на Втората лига кои исто така се борат за евентуален влез во елитното фудбалско друштво.

Силекс го совлада Охрид со 1:0 што беше доволно за пласман во финалето откако првиот дуел заврши без победник 1:1.

Натпреварот беше решен во 34. минута кога Дарко Додев успешно реализираше удар од 11 метри. Кратовци и претходно можеа да стигнат до водство, но Ади Алиќ во 25. пеналот не го претвори во гол бидејќи шутираше директно во голманот на Охриѓани, Дамјан Серафимов.

Во второто полуфинале тетовска Шкендија како гостин славеше над Шкендија Арачиново со 2:0.

Тетовци беа доминантни во текот на целиот натпревар, но прволигашот го скрши отпорот на противникот дури во самата завршница.

Првиот погодок беше дело на Себастијан Спахиу постигнат во 86. минута, а во 88-та во листата на стрелци се запиша Ричард Ндзенге.

Во третата минута од судиското надополнување предвреме во соблекувалната мораше да се пресели гостинскиот фудбалер Ромарио Роналдо Вебстер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...