Сите играчи ќе добијат шанса, на нив е да се докажат, кажа Седлоски пред дуелите со БиХ и Турција

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на прес-конференција зборуваше за објавениот список за пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција, кои ќе се одиграат во овој прозорец

Прегледи:

Датум:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на прес-конференција зборуваше за објавениот список за пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција, кои ќе се одиграат во овој прозорец.

Седлоски истакна дека ни претстојат натпревари со две силни селекции, има објективни проблеми поради откажувања поради повреди на крајот на сезоната. Затоа, се повикани и фудалери од македонското првенство, со цел да се потврди потенцијалот и квалитетот на новите имиња пред предизвиците во Лигата на нациите.

„Од секој фудбалер зависи дали ќе биде со нас тука. На сите им посакувам здравје, да играат стандардно и да го заслужат повикот да бидат репрезентативци на Македонија“, изјави Седлоски.

Тој нагласи дека сите повикани играчи ќе добијат шанса, а особено се осврна на дебитантите:

„На нив е да се докажат. Новите играчи играат стандардно во клубовите. Од нив зависи како ќе се вклопат во нашиот систем со фудбалерите кои подолг период се во репрезентацијата“, дополни селекторот“.

„Сите играчи кои се повикани тука ќе добијат шанса, на нив е да се докажат. Со селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез се договоривме да направиме повеќе замени, да можеме да направиме и 11 измени во второто полувреме“.

Македонските репрезентативци на 29 мај ќе гостуваат во Сараево против Босна и Херцеговина на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, додека на 1 јуни ќе играат во Истанбул против Турција на „Шукру Сараџоглу“ со почеток од 19:30 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...