Слот верува дека Ливерпул напредува? „Најдоброто допрва доаѓа…“

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот по синоќешната бледа партија против Тотенхем изјави дека „црвените“ всушност ја подобруваат својата игра

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот по синоќешната бледа партија против Тотенхем изјави дека „црвените“ всушност ја подобруваат својата игра.

„100 проценти сум сигурен дека најдоброто допрва доаѓа бидејќи има индивидуално подобрување и тоа се случува во моментов. Знаеме дека е тешко да се постигне она што го постигнавме минатата сезона. И покрај сè, имаме шанса да освоиме нешто. Играме во четвртфиналето на ФА Купот и сме во осминафиналето на Лигата на шампионите. Многу пати сум рекол: иднината изгледа светла за Ливерпул“, забележа Слот, чиј тим беше исвиркан по дуелот со Тотенхем.

„Мислам дека е упатено до тимот, што целосно го разбирам. Ако не се чувствувате фрустрирани откако изгубивте бодови дома против Тотенхем, кои се во лоша форма…“, додаде тој.

Ливерпул е на петтото место во моментов. Четвртото не е толку далеку, само два бода, а Лигата на шампионите е секако на дофат. Но, нивниот распоред на крајот од сезоната е таков што играат против сите конкуренти за тоа место.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...