Тебас објасни зошто враќањето на Меси во Барселона било невозможно

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ги коментираше извештаите дека организацијата го одобрила враќањето на Лионел Меси во Барселона во 2023 година.

Шефот на шпанскиот фудбал е категоричен дека Аргентинецот не добил дозвола повторно да го носи тимот на „Блауграна“.

„Тие немаа наше одобрение и никогаш не нè прашаа за тоа. Беше невозможно да се одобри без да се знае колку ќе заработува Меси, особено со сегашните правила во врска со неговата плата. Дури и ако бројките во договорот беа пониски од реалните, сепак ќе беше невозможно“, рече Тебас, цитиран од „Марка“.

Претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, беше категоричен дека се барале различни решенија, но Хавиер Тебас бил против нив.

Меси, кој сега игра за Интер Мајами, ја напушти Барса во 2021 година, преселувајќи се во Пари Сен Жермен. Трансферот на Аргентинецот во Мајами беше најавен во 2023 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...