Кристијано Роналдо конечно го постигна она за што дојде во Саудиска Арабија пред повеќе од три години, освојувајќи ја шампионската титула со Ал-Наср. Португалската суперѕвезда беше централна фигура во решавачкиот натпревар против Дамак, во кој неговиот тим славеше со 4:1 и стигна до трофејот што навивачите го чекаа долго време.
Роналдо уште еднаш покажа зошто сè уште игра на врвно ниво во својата петта деценија. Тој постигна два гола, од кои првиот беше спектакуларен слободен удар, додека вториот дефинитивно го реши прашањето за победникот и ја започна прославата на трибините во Ријад.
Покрај него, голови постигнаа и Садио Мане и Кингсли Коман. Ал-Наср ја заврши сезоната со 86 бода, два повеќе од нивниот најголем ривал Ал-Хилал.
По натпреварот, емоциите целосно го совладаа Роналдо. Камерите го фатија моментот кога португалскиот ас плачеше на теренот додека навивачите ја славеа првата лигашка титула на клубот по шестгодишно чекање. Многу светски медиуми изјавија дека овој трофеј ги замолчи критиките што го следеа откако пристигна во Саудиска Арабија.
Cristiano Ronaldo, adding one more to his major trophies cabinet. 🏆🇵🇹
🏆🏆🏆🏆🏆 Champions League
🏆🏆🏆🏆 FIFA Club World Cup
🏆🏆🏆 Premier League
🏆🏆 UEFA Nations League
🏆🏆 La Liga
🏆🏆 Serie A
🏆🏆 Copa del Rey
🏆🏆 League Cup
🏆🏆 Spanish Super Cup
🏆🏆 Italian Super… pic.twitter.com/DA4wLEapPZ— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 22, 2026
Роналдо пристигна во Ал-Наср кон крајот на 2022 година, по бурното заминување од Манчестер Јунајтед. Неговото доаѓање го означи почетокот на сосема нова ера во саудискиот фудбал, бидејќи наскоро по него следеа бројни големи ѕвезди на европскиот фудбал како што се Карим Бензема, Нејмар, Жоао Феликс и Садио Мане.
Португалецот стана и најплатениот фудбалер во светот. Според проценките на странските медиуми, тој заработува околу 200 милиони евра годишно само од договорот со Ал-Наср. Откако пристигна во Саудиска Арабија, тој веќе собра повеќе од 600 милиони, а нов договор до 2027 година би можел да ја доближи неговата вкупна заработка до неверојатната бројка од една милијарда евра.
Со освојувањето на титулата во Саудиска Арабија, Роналдо ја комплетираше импресивната колекција од трофеи во лигата освоени во Англија, Шпанија, Италија, а сега и во Саудиска Арабија. Единствениот голем трофеј што сè уште му недостасува е Светското првенство со Португалија.


