Тухел го избра тимот за СП 2026 со кој ќе цели на титулата

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, го објави списокот на играчи што ќе ги поведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Прегледи:

Датум:

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, го објави списокот на играчи што ќе ги поведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Овој пат, на списокот не се офанзивните играчи Кол Палмер од Челси и Фил Фоден од Манчестер Сити, играчи кои до вчера беа неопходни за секоја акција на националниот тим.

Тухел нема да смета и на искусниот стопер на Јунајтед, Хари Мегваер. „Паѓа во око“ и отсуството на Трент Александер Арнолд од Реал Мадрид.

Од редовите на победниците на Лигата на Европа, Астон Вила, Тухел избра тројца (Конс, Роџерс, Воткинс), одбраната и средниот ред се повеќе или помалку очекувани, а се чини дека најсилниот потенцијал лежи во нападот каде што Тухел може да се потпре на Кејн, Рашфорд, Сака…

Подолу е комплетниот список на Англија за Светското првенство.

Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џејмс Трафорд (Манчестер Сити).

Дефанзивци: Рис Џејмс (Челси), Тино Ливраменто (Њукасл), Марк Гаи (Манчестер Сити), Езри Конса (Астон Вила), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Џерел Кванса (Баер Леверкузен), Нико О’Рајли (Манчестер Сити), Ден Бурн (Њукасл), Џед Спенс (Тотенхем).

Среден ред: Деклан Рајс (Арсенал), Елиот Андерсон (Нотингем Форест), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Џордан Хендерсон (Брентфорд), Морган Роџерс (Астон Вила), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Еберечи Езе (Арсенал)

Напаѓач: Хари Кејн (Баерн Минхен), Иван Тони (Ал-Ахли), Оли Воткинс (Астон Вила), Букајо Сака (Арсенал), Нони Мадуек (Арсенал), Маркус Рашфорд (Барселона), Ентони Гордон (Њукасл).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...